Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Скопје, Кжиштоф Гжелчик.
Посакувајќи му на амбасадорот Гжелчик срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија во Република Северна Македонија, министерот Османи изрази задоволство од динамичниот и континуиран политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави посветено ќе работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати.
Во оваа прилика, министерот Османи изрази благодарност за активниот ангажман и посветеноста на Република Полска во рамките на ОБСЕ Тројката,
Амбасадорот Гжелчик истакна дека Полска високо го цени придонесот на Република Северна Македонија кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошниот развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и остварените постигнувања во повеќе области.
Скопје, 18 мај 2023 година