Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарската Конфедерација се воспоставени на 31.01.1994 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Спогодба за трговска и стопанска соработка меѓу Македонската влада и Швајцарскиот Федерален Совет“
- склучена на 8 јануари1996 година
- во сила од 1 септември 1996 година
2. „Договор меѓу Македонската влада и Швајцарскиот Федерален Совет за репрограмирање на македонскиот долг“
- склучен на 9 јануари 1996 година
- во сила од 2 април 1996 година
3. „Спогодба помеѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација за редовен воздушен сообраќај“
- склучена на 18 септември 1996 година
- во сила од 10 април 1996 година
4. „Договор меѓу Македонската Владата и Швајцарскиот Федерален Совет за заемно поттикнување и заштита на инвестиции“
- склучена на 26 септемвр1996 година
- во сила од 6 мај 1997 година
5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален совет за меѓународен превоз на лица и стоки “
- склучена во Берлин на 22 април 1997 година
- во сила од 6 август 1997 година
6. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за меѓусебно укинување на визи за носителите на дипломатски, службени или посебни пасоши“
- склучена на 16 април 1998 година
- во сила од 22 јули 1998 година
7. „Договор меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за преземање на лица со незаконски престој“
- склучен на 16 април 1998 година
- во сила од 22 јули 1998 година
8. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за техничка и финансиска соработка“
- склучена на 26 октомври 1999 година
- во сила од 29 декември 1999 година
9. „Конвенција меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација за социјално осигурување“
- склучена во Берн на 9 декември 1999 година
- во сила од 1 јануари 2001 година
10. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот Федерален Совет за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал“
- склучена во Скопје на 14 април 2000 година
- во сила од 27 декември 2000 година
11. „Договор меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација за полициска соработка во борба против криминалот“
- склучен во Скопје на 20 септември 2005 година
- во сила од 19 јануари 2009 година
12. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот Сојузен Совет за редовен воздушен сообраќај“
- склучена во Скопје на 10 ноември 2009 година.
- во сила од 01 март 2010 година
13. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот Сојузен Совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола “
13. А - „Протокол за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот Сојузен Совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола“
- склучени во Скопје на 15 март 2012 година,
- во сила од 1 октомври 2012 година
Договори преземени преку сукцесија
1. „Конвенција за настанување и конзулство меѓу Кралството Србија и Швајцарската Конфедерација“ од 16.02.1888 г.
2. „Конвенција за предавање на виновници меѓу Кралството Србија и Швајцарија“ од 28.11.1887 година
3. „Спогодба меѓу СФРЈ и Швајцарија во врска со двојното оданочување во поморскиот и воздушниот сообраќај, склучена со размена на ноти“ од 04.11.1964 г
4. „Конвенција за социјално осигурување меѓу СФРЈ и Швајцарската Конфедерација“ од 08.06.1962 г.
5. „Административен аранжман за начинот на примена на Конвенцијата за социјално осигурување меѓу СФРЈ и Швајцарската Конфедерација“ од 05.07.1963.г.
6. „Конвенција за измена и дополнување на Конвенцијата од 08.06.1962 година меѓу СФРЈ и Швајцарската Конфедерација за социјално осигурување“ од 09.07.1982 г.
7. „Спогодба за техничка соработка меѓу СФРЈ и Швајцарија“ од 01.12.12.1966.г.
8. „Договор за меѓусебна помош во случај на природни катастрофи меѓу СФРЈ и Швајцарија“ кој стапил во сила на 11.09.1982 г.
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Швајцарскиот федерален совет за финансиска помош“
- склучена во Скопје на 25 јули 1995 година
2. „Спогодба за уредување на договорната состојба,склучена со размена на ноти, на 23 мај 1997 година“
3. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација за давање финансиска помош за Проектот за ефикасна дистрибуција на енергија.“
- потпишан во Скопје на 27.01.2004 година
4. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Elektrizitäts-Gesellscalft Laufenburg AG за Проект за природен гас“
- склучен во Скопје на 14 јули 2004 година
5. „Проект за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија со Договор за проект меѓу Владата на Страната на Втората Страна на Времената спогодба од 13 септември 1995 година и Владата на Швајцарската конфедерација и Владата на Страната на Првата Страна на Времената спогодба од 13 септември 1995 година за доделување на финансиска помош за Проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија““
- cклучен 2010/2011 година
6. „Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и претставувана од Министерството за образование и наука и Швајцарија, претставувана од швајцарската Агенција за развој и соработка преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија за реализација на проектот „Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk) Фаза I““
- склучен на 19.10.2018 година