Кенан Рамадани



Кенан Рамадани


Кенан Рамадани е амбасадор на Република Северна Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација од 01 декември 2018 година. Тој е роден во Желино во 1964 година.

Професионален Ангажман

Како професионален дипломат од 1996 година, својата богата дипломатска кариера ја започнува како деск офицер за секторот за мултилатерални односи каде што работи до 2000 година. Во 2000 година е унапреден во раководител на одделение во секторот за билатерални односи со земјите на ЕУ, каде што е ангажиран до 2004 година. Истата година добива мандат во Амбасадата во Берн како прв секретар, а од 2006 – 2008 е вршител на работите во истоимената Амбасада. Во периодот од  август до септември 2008 година, е поставен за помошник раководител на сектор во Кабинетот на Министерот од каде што е именуван за (директор) Шеф на Протоколот во МНР на која што позиција работи до ноември 2018 година. Од 01 декември 2018 година е именуван за вонреден и ополномоштен  aмбасадор на Република Северна Македонија во Берн, Швајцарска Конфедерација.


Учество на Меѓународни конференции:

  • Конференцијата на ОЕЦД, Прага, 1997 година,
  • Конференцијата на ФАО, Италија, Рим, 1997 година,
  • Конференцијата на ИФАД, Италија, Рим, 1997 година,

Професионални Ангажмани:

  • Член на Македонската делегација за бројни билатерални разговори со пријателски земји, регионални и меѓународни организации, ФАО, Австрија, СР Германија и политички консултации со Швајцарија.
  • Делегат и службеник во бројни билатерални и мултилатерални средби со други пријателски земји, учесник на Самитот на шефовите на држави и влади на земјите од Југоисточна Европа, во октомври 2000 година, учесник на Самитот на шефови на држави и влади и министри за надворешни работи на Централно Европската Иницијатива и учесник на Самитот на ЦЕИ - Скопје, ноември 2002 година.

Обуки и Тренинзи

  • Дипломатска академија, МНР на СР Германија, март-август 1998 година,
  • Курс за дипломатска обука во l'ENA-Ecole Nationale d’Adiminitsration, „Le metier de diplomatie“,  Париз, мај 2000 година,
  • Дипломатски курс, МНР на Норвешка, Лилехамер, април 2002 година,
  • Делегат на Министерството за надворешни работи како набудувач, во Кабинетот на Премиерот на „Баден Виртемберг“, ФР Германија, март-јуни 2003 година

Образование

Амбасадорот Рамадани заврши политички науки на факултетот за политички науки при Универзитетот во Загреб (1985-1989) а станува магистер по меѓународни односи на истоимениот универзитет (1990 – 1992). Течно зборува германски, француски, албански, македонски и српско-хрватски, а солидно ги владее англискиот, италијанскиот и бугарскиот јазик.